ЕХФ ја одби жалбата на Шведска, македонските судии донеле правилна одлука

2502

Европската ракометна федерација ЕХФ ја одби жалбата на Шведска поради голот на Пранди во последните секунди на дуелот со Франција во Келн.
Со тој гол Французите го изедначија резулатот и го однесоа мечот во продлженија, а таму триумфираа и се пласираа во финалето. По мечот Швеѓаните испратија жалба до ЕХФ поради тоа што судиската двојка од Македонија, Начевски-Николов не употребила видео технологија за да го провери последниот напад на Французите.

Дисциплинската комисија оценила дека судиите одлучиле правилно и немале обврска да бараат помош од ВР.

„Тоа се користи само кога судиите имаат сериозни сомневања за донесување на правилна одлука или кога не можат правилно да ја согледаат ситуацијата. Тоа е одлука на судиите или на делегатот да користат видео технологија за помош.
Одлуката да не се користи ВР потпаѓа под опсегот на правните регулативи на EHF, како и на EHF EURO регулативите. Конечната одлука не е предмет на никаков протест и тој се отфрла“, соопштија од ЕХФ.

ПретходноНаполи го комплетира четвртото засилување во зимскиот преоден рок
СледноАтлетико се засили со 18-годишен белгиски репрезентативец