Филип Лепидовски и неговиот состав Таково славеа на гостувањето кај Рибница на Лука Костиќ во мак-дербито во српскиот одбојкарски шампионат. Лепидовски и неговите соиграчи однесоа победа од 3:2 со која им се реваншираа на Костиќ и компанија за поразот во Горњи Милановац во првиот дел од сезоната.
На дуелот одигран во рамките на 14. коло, Лепидовски како стартер во составот на Таково реализираше 9 поени, додека Лука Костиќ беше исто така стартер во тимот на Рибница и мечот го заврши со 11 реализирани поени.
Со оваа победа Таково се проби на 7. место на табелата, додека Рибница е деветта.
Во ова коло Војводина на нашиот репрезентативец Савовски славеше со 3:0 над Ниш, но нашиот среден блокер веќе втор меч не е во дресот на Војводина поради повреда.