Милан ќе има втор тим во Серија Ц

189

Милан води преговори со претставници на Лига Про за да „инсталира“ свој втор тим во Серија Ц и ако добие дозвола планот е да се стартува уште идната сезона. Идејата за втор тим во последно време е популарна меѓу клубовите во Серија А, а прв ова го потегна Јувентус чиј втор тим се натпреварува во групата А од Серија Ц, а притоа од оваа екипа беа „лансирани“ талентите Кенан Јилдиз и Самуел Илинг-Џуниор во првиот тим.
Минатата година, Лацио и Сасуоло исто така имаа идеја за формирање на втори тимови во Серија Ц, но од различни причини ги одложија плановите.
Милан ќе мора да плати 1,5 милиони евра за регистрација на втор тим во Серија Ц и исто така ќе треба да чекаат да се ослободи место, на пример клуб кој се соочува со финансиски потешкотии да не може да се регистрира за настап следната сезона.
Во наредните шест месеци Милан ќе го развие планот за втор тим, како и кои фудбалери би настапувале и повеќе информации ќе дадат во финишот на сезоната.

ПретходноСабаленка без загубен сет го освои трофејот на Австралија опен
СледноНаполи го комплетира четвртото засилување во зимскиот преоден рок