Александар Мишов (25) по епизодата во Самтредија (Грузија), во наредниот период ќе го носи дресот на Дрита, тим од елитната лига на Косово. Откако му истече договорот со Самтредија, напаѓачот одлучи да ја прифати понудата од клубот каде што тренер е Зекирија Рамадан а од пред извесно време член е и Егзон Бејтулаи.
Мишов имаше понуди од неколку наши прволигашки клубови, но се чини дека Дрита била најконкретна.
Досега Александар Мишов го носеше дресот на Тиквеш, Брера Струмица, Борец, сега е пред нов предизвик, во тимот на косовска Дрита.