Наполи го комплетира четвртото засилување во зимскиот преоден рок

147

Наполи го продаде Елиф Елмас во Лајпциг, ги испрати на позајмици Заноли и Зербин во Салернитана и Монца, а потоа комплетира четири засилувања. Најнов играч на италијанскиот шампион е дефанзивниот играч за врска Леандер Дендонкер кој дојде на позајмица од редовите на Астон Вила. Се работи за белгиски интернационалец кој не се изнаигра во Вила оваа сезона, а претходно беше во Вулверхемптон.
Пред него, дојде офанзивниот играч за врска Хамед Траоре исто така на позајмица од редовите на Борнмут. Десната бековска позиција е засилена со Пасквал Мазоки за кого се платени 3 милиони евра за да дојде од Салернитана.
Најмногу, 18 милиони евра се платени за десното крило Сирил Нгонге од Верона.
Се шпекулира за уште неколку нови играчи во Неапол, како централниот бек Нехуен Перез од Удинезе, играчот од средниот ред Орел Мангала од Нотингем Форест и централниот бек на Салцбург, Омар Соле.

ПретходноМилан ќе има втор тим во Серија Ц
СледноЕХФ ја одби жалбата на Шведска, македонските судии донеле правилна одлука