Нашата ракометна селекција денеска во за ривал во баражот за пласман на СП 2025 година го доби квалитетниот репрезентативен состав на Ф. Острови. Селекција против која и тоа како ќе мора да се даде максимумот ако се сака да се слави во овој двомеч кој се игра во мај.
За првите импресии од ждрепката свој коментар има и капитенот Никола Митревски.
“Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот.И покрај ова ние ќе влеземе како фаворити и тоа треба да го искористиме. Фарски Острови е селекција која е во подем, играат брз ракомет, има играчи кои играат во Бундес-лигата и нивната игра се темели на квалитетите на тие играчи. Доколку бевме од другата во ждрепката и го добиевме овој противник, секако дека ќе бевме задоволни. Треба да се подготвиме за нив и да го продолжиме континуитетот на пласман на големите натпреварувања” изјави нашиот капитен.