Чави Ернандез по завршувањето на сезоната си оди од Барселона. Веста вечерва ја објавија повеќе шпански медиуми.
Актуелниот шампион на Шпанија вечерва во Ла Лига загуби од Виљареал со 5:3 на домашен терен, а веднаш по тој дебакл се одржал состанокот на клупските челници на кој била донесена одлука по завршувањето на оваа сезона да се бара нов тренер.
На крајот од средбата, претседателот Жоан Лапорта го поканил Чави на разговор, а потоа легендарниот играч на Барса изјави:
„Решив дека по 30 јуни нема да ја продолжам оваа работа. Мислам дека ова е разумен потег. Се ослободив. Не сакам да бидам товар за клубот, сакам да бидам решение“ , објасни Чави.
На истиот состанок челниците на Барселона ја „ставиле на маса“ можноста за засилување на тимот до крајот на јануарскиот преоден рок.