Шок за Барса: Виљареал слави во Каталонија во меч со два големи пресврти! (ВИДЕО)

460

Барселона вечерва доживеа уште еден тежок удар во шпанската Ла Лига. На мечот со Виљареал, Каталонците беа поразени со 3:5 во меч со два големи пресврти.

Виљареал го заврши првиот дел со водство од 0:1 со голот на Жерар Морено, а на стартот на вториот дел гостите преку Ахомач веќе поведоа и со 0:2. Барса брзо дојде од 0:2 до 3:2 и најави голем пресврт за можна победа. Веќе во 60. минута Илкај Гундоган со додавање на Левандовски намли на 1:2. Овој гол придонесе Барса да го зголеми притисокот пред голот на гостите, а во 68. минута Педри погоди за 2:2!

Секако и Барса не беше задоволна од ремито, продолжи да напаѓа од минута во минута, а целосен пресврт се случи веќе во 71. Минута. Домашните изнудија слободен удар, Гундоган упати центаршут во шеснаесетникот, каде Ерик Баили ја зафати топката и ја смести во сопствената мрежа за 3:2 за Барса.

И кога се чинеше дека е само прашање на време кога Барса ќе го потврди триумфот, во 84. минута Гонзало Гедес израмни на 3:3. Примениот гол не смени ништо во начинот на игра на Барселона, која продолжи да напаѓа, а во судиското продолжение заборави на одбраната. Гостите од два контранапади постигнаа два гола и успеаја да слават. Сорлот погоди за 3:4, а конечните 3:5 ги постави Моралес.

ПретходноБаер (Л) одигра без голови со Борусија (М), Баерн им се доближи на два бода
СледноВелковски вечерва дебитираше за Динамо (Б) на прв меч по пауза од 8 месеци