Лоша, катастрофална серија на Лајпциг во пролетниот дел во Бундеслигата. Трет меч и трет пораз, денеска и од Штутгарт и тоа каков, и тоа со 5:2. “Швабите“ просто го декласираа тимот на Елиф Елмас кој повторно доби скромна минутажа, влезе во игра во 77.минута и тоа кога неговиот тим губеше со 5:2.
Ундав со три гола просто си поигруваше со гостите, а срелаа и Милот и Левелинг. За “биковите“ стрелаа Шешко и Опенда.
На другите мечеви попладнево во Бундеслигата се постигнаа следните резултати.
Баерн со 2:3 славеше на гости кај Аугсбург. Победа и тоа како добро ќе им дојде на “баварците“ колку толку да се смират страстите во овој клуб.
Вердер со 3:1 го победи Фрајбург, Хофенхајм и Хајденхајм одиграа без победник 1:1.