Бизарна сцена во Бундес: Навивач стана судија!

621

Бизарна сцена се случи на натпреварот од 19.коло на Бундес лигата помеѓу Волфсбург и Келн бидејќи еден од навивачите на трибините беше ангажиран како четврти судија. Фудбалерот на Келн, Макс Финкграфе по една интервенција го повреди помошниот судија Торбен Сивер.
Линискиот судија мораше да го напушти теренот па го замени четвртиот судија Николас Винтер, а бидејќи мечот не можеше да продолжи без четврти судија, спикерот од делегатот доби дозвола преку разглас да побара меѓу навивачите квалификуван судија.
Улогата на четврти судијата ја доби Тобијас Крул, 32-годишен голман на шестолигашот МТВ Гифхорн.
Тој се преслече во судиска униформа и застана крај аут линијата и до крајот на мечот ја вршеше улогата на четврти судија.

ПретходноНигерија е четвртфиналист на КАН по победата над Камерун
СледноНа 43 години ја освои првата Гренд слем титула после 61 обид