Досантос ја спаси Црвена Звезда!

350

Црвена Зевзда го доби дерби дуелот на 18 коло во АБА-лигата, го совлада Партизан со 88-86 и се зацврсти на врвот на табелата. Домашниот тим овој меч можеше да го реши поинаку и полесно да дојде до бодовите, но во последната четвртина дозволи противникот да се врати.

Херојот на победникот е Јаго Досантос, во самиот финиш постигна два поени за радост во редовите на Црвена Звезда. На крајот зад своето име имаше 13 поени. Ханга со 15 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Нанели постигна 19 поени.

Иако во втората четвртина, „црвено-белите“ водеа со 48-27 и на одморот резултатот беше 55-38. Партизан најде начин како да се врати. Во третата четвртина имаше негатива од 17 поени (70-53), а потоа финишот го направи неизвесен.

Во последните десет минути одигра одлично се врати на минус три во самиот финиш (85-82). Аврамовиќ постигна едно слободно фрлања за 85-83, на другата страна Недовиќ, исто, само еднаш погоди за 86-83. Нанали беше фаулиран за три поени, тој донесе целосна неизвеност, израмни на 86-86. На другата страна Досантос ги постави конечните 88-86.

ПретходноХансен го симна Карабатиќ од врвот – влезе во историјата на ЕП
СледноБилд тврди: Лапорта донел одлука за наследникот на Чави