Гнев меѓу фановите на Манчестер Јунајтед поради се она што Маркус Рашфорд направи(л). Па така напаѓачот место на тренинг, откако пријавил дека е болен, имал свој “натшревар“ во еден ноќен локал во Белфаст. Во време кога не може ништо да се сокрие, денеска излезе на виделина и една фотографија на која Рашфорд е во убаво друштво на две девојки во ноќниот клуб место да биде на тренинг.
Токму оваа фотографија ги зовре страстите:
“Под итно да се продаде Рашфорд! Такви личности не ни требаат во клубот“.
“Се прели чашата! Ставето го на трансфер – листа и веќе да не го гледаме во дресот на нашиот клуб“.
Ова се само дел од пораките на фановите на Манчестер Јунајтед.