Денеска во Медулин, Работнички ја одигра својата прва контрола во текот на овие подготовки кои веќе неколку дена се одвиваат во Хрватска. Тимот на Гоце Седлоски одигра 2:2 против Младост ДГ од Црна Гора, член на елитната лига во таа земја.
Работнички со двата гола на Сабит Билали, засега единственото ново име во тимот, во 5. и 13.минута имаше убедливи 2:0.
Сепак тимот од Црна Гора со два гола во 75. и 90+2.минута израмнил на 2:2 и така го избегнал поразот.