Спектакуларен настап имаше Никлас Фулкриг, кој речиси само го победи Бохум со 3:1 ако се знае дека вечерва постигна хет – трик во дресот на Дортмунд на “Сигнал Идуна Парк“ за еуфорија на “милионерите“.
Прво во седмата минута од пенал за 1:0. Бохум израмни со автоголот на Шлотенберг во самиот финиш на првиот дел.
Во продолжението Фулкриг стрелаше уште двапати за конечни 3:1, за голема победа, за нова победа и за пласман пред Лајпциг на Елмас, тим кој очајно ја започна пролетната полусезона.