Баер Леверкузен ја комплетираше позајмицата на напаѓачот Борха Инглесиас кој доаѓа од редовите на Бетис. Шпанецот ќе настапува за клубот од Леверкузен до крајот на сезоната, со тоа што Германците можат да го откупат неговиот договор за 8 милиони евра.
Борха ќе биде замената за најдобриот напаѓач на Баер од првиот дел на сезоната Виктор Бонифасе кој се повреди и ќе паузира до април.
Борха Инглесиас е дете на Виљареал, играше и за Селта, Сарагоса, Еспањол, а од 2019 година е во Бетис. Има и два настапи за шпанската репрезентација.