Грасхоперс – Цирих 2:1 е епилогот од градското дерби меч од елитната лига на Шавјцарија. И веднаш да кажеме, македонскиот репрезентативец Дориан Баунски, влезе во игра во 69.минута а три минути подоцна стрелаше прецизно за 1:1 и за голема еуфорија кај сите во неговиот тим.
Инаку ова е трет гол на Дориан Бабунски за Грасхоперс сезонава во елитната лига во Швајцарија.
Победата домашните ја обезбедија во 90+5 со голот Шурпф.