Чави Хернандез синоќа по поразот од Виљареал ја изненади јавноста кога соопшти дека ќе го напушти клубот по заврпување на сезоната.
Ова беше големо изненадување за фудбалската јавност, а набрзо почнаа да се лицитираат имињата на потенцијалните наследници.
Главен кандидат беше Јирген Клоп, кој само ден претходно реши да ја извести јавноста дека си заминува од Ливерпул на крајот од сезоната. Сепак, Клоп ќе одмора една година, па неговиот евентуален трансфер во Барселона пропадна.
Германските медиуми сега ексклузивно ја пренесоа информацијата за тоа кој ќе биде новиот тренер на Барселона.
Веста ја објавија новинарите на Билд.
Жоан Лапорта одлучи Ханси Флик да биде замена за Чави и е главен кандидат за преземање на Барселона“, тврдат новинарите на Билд.
🚨🚨🌕| BREAKING: Joan Laporta is pushing for Hansi Flick to be the replacement for Xavi — he is a major candidate & is tempted to join another league. @bild pic.twitter.com/t4ZkgkF7mp
— Managing Barça (@ManagingBarca) January 28, 2024