Попладнево на Градскиот стадион во Штип, во пријателски натпревар Брегалница одигра 0:0 против второлигашот Детонит. Тренерот на штипските “сини“ им даде минутажа на повеќе свои играчи, сепак без разлика на се ова е добар резултат за гостите кои уште еднаш покажаа, по онаа победа над Тиквеш, дека имаат и тоа како добар тим и дека напролет без проблем ќе јуришаат на пласман во нашата елитна лига.