Лара Гут-Бехрами од Швајцарија е победничка во супервелеслаломот во Кортина д’Ампецо во рамките на Светскиот куп. Гут-Бехрами постигна време од 1:20.75, а зад неа со 0.21 секунда послабо време заврши Стефани Вение од Австрија. Трета на подиумот е Романе Мирадоли од Франција.
Италијанките Софија Гоџа, Марта Басино и Федерика Брињоне не се најдоа на подиумот во италијанскиот зимски центар. Гоџа заврши на петтото место, Басино беше шеста, Брињоне дури на деветтото место. На четвртото заврши Рагнхилд Мовинкел од Норвешка која победи вчерашниот спуст исто така во Кортина.
Натпреварите продолжуваат на 30 јануари во Кронплац во Италија каде што ќе се вози велеслалом.