Денвер ја совлада Филаделфија, Ембид петта година по ред „избегна“ дуел со Јокиќ

1971

Денвер Нагетс беше домаќин на Филаделфија, а тоа требаше да биде дуел меѓу Никола Јокиќ од едната и Џоел Ембид на другата страна. Но, неверојатно звучи, но петта година по ред Филаделфија ја немаше помошта на Ембид во Колорадо.
Актуелниот МВП на НБА лигата повторно не се појави на дуел со Јокиќ, кој од друга страна доминираше и го предводеше тимот до нова победа.

Денвер славеше со 111:105, а Јокиќ постигна 26 поени и имаше 16 скокови. Ембид го прескокна мечот во Колорадо (последен пат играл во 2019 година). Тоа предизвика бес кај навивачите на Денвер кој го провоцираа играчот на Севентисиксерс. Ембид првите три четвртини ги помина во соблекувалната, а на паузата меѓу третата и четвртата се појави на клупата на својата екипа. Актуелниот МВП ја стави раката на увото за подобро да ги слушне свирежите од навивачите во Денвер.

Ако сте кошаркарски, фудбалски или НФЛ навивач, морате да го цените тоа што во моментов Ембид го работи“, одговори Јокиќ на теренот.
Истото прашање следуваше и на пресот.
Мислам дека не треба да зборуваме за Ембид, не само затоа што не играше, туку мислам дека Пол Рид одигра многу добро за Филаделфија и мораме да го поздравиме“, порача Никола.

Бруклин – Хјустон    106:104
Бостон – Л.А.Клиперс   96:115
Шарлот – Јута      122:134
Милвоки – Њу Орлеанс    141:117
Голден Стејт – Л.А.Лејкерс     144:145 по продолженија
Сан Антонио – Минесота     113:112
Далас – Сакраменто      115:120

ПретходноФранцузинот Алегре е изненадувачки победник на Супер Џи во Гармиш
СледноНигерија е четвртфиналист на КАН по победата над Камерун