Лаутаро Мартинез го врати Интер на врвот пред дербито со Јуве

210

Интер ја сочува предноста пред Јувентус, откако на гостувањето кај Фиорентина успеа да дојде до минимална победа од 0-1 во рамките на 22. коло во Серија А.

Мартинез беше стрелец на единствениот гол на оваа средба, погоди во 14 минута на мечот. На другата страна домашниот тим имаше шанса да изедначи, но Гонзалез во 76 минута не успеа да реализира од белата точка.

Со овие три бода Интер се врати на лидерската позиција на табелата и сега има 54 бода, бод повеќе, но и меч помалку од Јувентус.

Следното 23. коло на 4 февруари ќе донесе спектакл и срцето на Италија ќе биде дуелот меѓу Интер и Јувентус кој може да даде одговори во борбата за титулата оваа сезона.

ПретходноПСЖ „прокоцка“ два гола предност, Брест го живее сонот за ЛШ
СледноЛино и Депај ја урнаа Валенсија, Атлетико Мадрид ја стигна Барса (ВИДЕО)