Фудбалерите на Атлетико Мадрид го совладаа тимот на Валенсија на домашен терен со резултат 2:0 во рамките на 22. коло во Ла Лига.
Атлетико поведе во судиското надополнување на првото полувреме кога Гризман брилијантно го пронајде Лин на левата страна, а тој го погоди за 1:0.
Се беше готово во 57. минута кога Молина нафрли од десната страна, а Депај само со глава внесе за 2:0.
Депај вечерва можеше да постигне европски гол, фати полуволеј од речиси 30 метри кој заврши само над гредата.
Валенсија беше прилично безопасна вечерва, па Атлетико сега се израмни со Барселона, со која ги дели третата и четвртата позиција со 44 бода. Валенсија ја заврши одличната серија од четири победи и сега е осма со 32 бода.