Па дали е можно: И Микел Артета го напушта Арсенал!

7486

Во последните два дена дури двајца тренери ја шокираа спортската јавност со потврдите дека на крајот од сезоната ги напуштаат клупите на екипите кои ги водат.

Најпрво тоа пред два дена го направи Јирген Клоп, кој објави дека на крајот од сезоната го напушта Ливерпул. Само еден ден подоцна, поточно синоќа, истото го направи и Чави Хернандез кој на крајот од сезоната ја напушти Барселона.

Новинарите на Sport тврдат дека Микел Артета на крајот од сезоната ќе го раскине договорот со Арсенал.

Договорот на Артета со лондонскиот клуб е до 2025 година, но се чини дека тој одлучи дека му е доста во Арсенал.

Со оглед на тоа дека има многу добри односи со челниците на овој клуб, наводно било договорено по крајот на сезоната да се разделат.

Останува да видиме дали во наредните денови ќе се огласи како што тоа претходно го направија Клоп и Чави.

Артета немаше многу среќа кога станува збор за освојување трофеи со Арсенал. Тој успеа да освои еден ФА Куп во 2020 година и два Комјунити Шилд во 2020 и 2023 година.

Минатата сезона беше многу блиску до освојување на Премиер-лигата, но не успеа да го постигне тој подвиг.

Сезонава се уште е во игра и во Лигата на шампионите и во Премиер-лигата, а сигурно е дека неговиот тим ќе се бори до крај за освојување на едно од овие две натпреварувања.

ПретходноБилд тврди: Лапорта донел одлука за наследникот на Чави
СледноПСЖ „прокоцка“ два гола предност, Брест го живее сонот за ЛШ