Фудбалерите на ПСЖ испуштија голема шанса да дојдат до победа. Пред своите навивачи одиграа реми со Брест (2-2), иако имаа убедливо водство на одморот.
ПСЖ се чинеше лесно ќе го добие овој дуел, по првото полувреме поведе со 2-0 со головите на Асенсио и Коло Муани. Сепак на другата страна гостите се вратија, Камара намали на 2-1 во 55 минута, а во 80 минута следеше шок за францускиот првак. Переира израмни на 2-2.
И покрај ремито, ПСЖ остана лидер со 44 бодови, шест повеќе од Ница, додека Брест продолжи да го живее својот сон и остана трет на табелата со 35 бодови.