Чави уште не заминал, ама играчите на Барса веќе му кажале на Лапорта кого сакаат на клупата!

3676

Чави Ернадез вчера по поразот од Виљареал со 3:5, во еден спектакуларен меч изјави дека си оди од Барса и тоа по завршување на оваа сезона. Оваа одлука е конечна.

Тоа значи дека каталонската гордост за новата сезона ќе мора да бара нов стратег.

И како што е нормално, веднаш се појавуваат шпекулации за тоа кој ќе биде наследникот на Чави.

Најново е тоа што играчите веќе имаат свој фаворит, и тоа му го кажале на Хоан Лапорта, првиот човек на клубот.Image

Имено според каталонските медиуми тие го посакуваат Луис Енрике, тренерот кој последен на Барса и ја донесе титулата европски првак. Сепак ова да се реалзизира нема да биде лесно ако се знае дека тој е под договорсо ПСЖ.

ПретходноЕве зошто Новак е најголемиот: Искрени честитки за Синер и утеха за Медведев! (ФОТО)
СледноПрекинат меч во ФА купот поради дивеење на навивачите! (ВИДЕО)