Шкендија покажа како треба да се игра на пријателските во Анталија. Шкендија покажа и денеска едноставно сила, покажа дека оваа Шкендија под водство на Јетон Беќири е далеку, далеку од оној тим од пролетоска.
Ако онаа убедлива победа над Скопје беше само загревање, денеска во Анталија тетовските “црвено – црни“ со 2:0 успеаја да слават над Динамо Батуми, тим од елитната лига во Грузија.
Меличи во 19. и Крстевски во 46.минута беа стрелците за Шкендија. И не само поради победата, која е реткост за нашите клубови кои се на подготовки во Анталија, туку и поради начинот на кој тимот на Беќири го одигра овој прв контролен меч во Анталија.
Едноставно одлично за овој период од подготовките.