0
Баерн го претстави своето зимско засилување, 23-годишниот француски фудбалер Саша Бое кој доаѓа од турскиот Галатасарај. Сумата е 30 милиони евра плус 5 милиони во бонуси, а десниот бек потпиша договор до 2028 година.
„Ова е остварување на сонот. Чест ми е што ќе играм за голем клуб како Баерн. Се радувам што ќе бидам дел од оваа група на фантастични фудбалери. Јас сум дефанзивец кој сака да игра во нападот. Можам и да играм и позади и напред“, изјави Бое кој во досегашниот дел од сезоната одигра 19 натпревари за Галатасарај.
Претходно играше за Рен.