Хајдук “изгоре“ на преполниот “Пољуд“, Ријека со пресврт до победа, Алекс остана на клупата!

887

А требаше да биде се поинаку. А требаше да биде славје, еуфорија и освоени големи три бода во битката за титулата. Пред мечот се повикуваше и Исус да помогне со прекрасната кореографија на “Торцида“, но сепак на крајот Ријека со два гола за пресврт од 1:0 за 1:2 и шок за сите во Хајдук, шок за сите и повеќе 30.000 фанови на “Пољуд“ кои направија спектакуларна атмосфера.

Сепак бадијала.

Пукшташ во 15 минута донесе водство на Хајдук од 1:0, но потоа гостите во дербито на колото во ХНЛ, со головите на Обрегон и Селахи успеа да победи со 1:2.

Македонскиот репрезентативец Алекс Трајковски не доби шанса да заигра на дербито, остана клупата на “билите“.

Со оваа победа сега Ријека е лидер на табелата.

ПретходноЕпско финале: Карабатиќ и другарите во еуфорија…златото за Франција!
СледноЈунајтед се мачеше со четвртолигаш, сепак се пласира во 1/8 финалето во ФА Купот! (ВИДЕО)