Аврамовски со гол му донесе победа на Болуспор (ВИДЕО)

807

Даниел Аврамовски го постигна својот втор гол оваа сезона за екипата на Болуспор во вечерашната победа против Шанлиуфаспор.

28-годишниот македонски интернационалец ја затресе мрежата во 50-тата минута на асистенција на Чичек. Аврамовски е еден од најдобрите поединци во екипата на Болуспор, откако пристигна во Турција од екипата на Сараево оваа зима.

Болуспор во моментов се наоѓа на 9-тата позиција на табелата со вкупно освоени 29 бода.

ПретходноИнтер прв во Европа: На „нероаѕурите“ е најтешко да им дадеш гол!
СледноУсик: Подготвен сум за Фјури, не ми требаат специјални подготовки