Тажна слика: Дали Лука Модриќ ќе го оствари незамисливото?

7487

Лука Модриќ е единствениот играч на Реал кој не доби ниту една минута на последните два натпревари. Тоа е вистинско изненадување како за сите навивачи така и за самиот Хрват кој има уште неколку дена да го оствари незамисливото.

Тоа е јасен знак дека неговата авантура во Реал Мадрид, која трае од летото 2012 година и пишуваше неверојатни фудбалски приказни, е при крај.

Добитникот на „Златната топка“ се чувствува изневерен од раководството на клубот, вклучувајќи го и самиот Карло Анчелоти, особено по случувањата на последните два натпревари.

„Кога знам дека нема да игра, Модриќ од почит, не го праќам на загревање“, изјави Анчелоти по победата над Лас Палмас (1:2).

Кога летово го продолжи договорот со Реал, на искусниот играч за врска му беше ветено дека неговите настапи и минути ќе зависат од квалитетот на играта.

Но, се чини дека тоа не е така во последно време и едноставно Модриќ почнува се почесто да се паузира и да не добива шанса за игра. Веројатно никогаш во кариерата не се случило два меча по ред да седи на клупата, без разлика што е физички подготвен.

Токму поради оваа причина, не изгледа невозможно Модриќ да донесе шокантна одлука и сред сезона да го напушти Реал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Преодниот рок во Саудиска Арабија трае до крајот на јануари, а наводно ќе му испратат неверојатно добра понуда на Модриќ само да го придобијат. Дали навистина ќе се оди ќе дознаеме во следните 72 часа.

ПретходноЧави им одржал говор на играчите, Левандовски и Кансело се расплакале
СледноПад на Ивановски на АТП-листата, Ѓорческа на 243.то место на ВТА-листата