ТФТ за „влакно“ не успеа до втора победа во АБА 2 лигата

82

Кошаркарите на ТФТ не успеаја да ја остварат втората победа во тековната сезона од АБА 2 лигата, откако вечерва на стартот на новиот „балон“ турнир загубија од екипата на Подгорица со 86:83. Во еден навистина неизвесен меч, ТФТ одигра одличен меч, но во финишот немаше сили да направи чекор до победа.

Нашиот преставник одлично го почне мечот, а го држеше дуелот во егал во првите три четвртини. Подгорица успеа да влезе во константна предност во последниот период и на крајот прокнижи нова победа.

Луис со 19 поени беше најефикасен кај ТФТ, додека кај Подгорица извонреден беше Кљајевиќ кој постигна 29 поени.

ПретходноРома со втора победа под палката на Де Роси
СледноНБА памети само шест вакви партии, а Дончиќ е сопственикот на две (ВИДЕО)