Бурата во Барселона се уште не стивнува бидејќи Чави Хернандес реши да ја напушти клупата по домашниот пораз од Виљареал. Иако тој сакаше веднаш да стане поранешен тренер на каталонскиот гигант, по разговорите со раководството реши да остане до крајот на сезоната, а потоа да ја напушти Барселона.
Вчера шпанските медиуми објавија дека Чави конечно им ја соопштил својата одлука на фудбалерите на Барселона, кои дознале дури ден по поразот од Виљареал.
Чави задоцни на прес-конференцијата, а причината беше разговорот со Лапорта, по кој им одржал говор на играчите, дел од нив емотивно го прифатиле овој факт, па пуштиле и некоја солза, пишуваат шпанските медиуми. Меѓу нив биле Кансело и Левандовски.
Медиумите од Шпанија сега дознаа дел од работите кои Чави им ги кажал на своите играчи на средбата. Приговорите и критиките кои ги добивал се главната причина поради која ја напушта Барселона на крајот од сезоната.
Не станува збор само критиките на професионален, туку и на семеен план, бидејќи неговото семејство од ден на ден страда поради сето она низ кое поминува.
Сето ова наводно било поттик за Левандовски и Кансело да пуштат солза бидејќи се чувствувале виновни што семејството на Чави страда поради лошите резултати.
На крајот, тој им кажал на своите играчи дека сака да го избегне крајот на приказната во Барселона како што имаше Роналд Куман.
Кога завршиле со тренинзите, неколку играчи имале средба еден на еден со Чави. Поединци побарале од Чави да ја промени својата одлука.
И покрај нивните желби и обиди, тоа нема да се случи…
Xavi explained during the meeting that the criticisms were not only affecting him at a professional level, but also at a family level and that he had the feeling that every day that passed they were more fierce. At all costs, he wanted to avoid an ending like the one Ronald… pic.twitter.com/UKPfVQgeao
— Barça Universal (@BarcaUniversal) January 28, 2024