И дефинитивно лажна била “бомбата“ која синоќа ја лансираа каталонските медиуми во која се изнесе нешто неверојатно, а тоа е дека по завршување на сезоната Микел Артета ќе си оди од Арсенал.
Денеска постојано се објавуваат деманти, сепак најверодостоен демант на оваа “приказна“ е изјавата на самиот Микел Артета кој на денешниот прес не го криеше својот гнев:
“Тоа е лага! Тоа е лажна вест! Јас сум шокиран, воедно и лут поради тоа. На сите да им биде јасно дека јас во јуни нема да си одам од Арсенал. Видете, морате да бидете внимателни што пренесувате, во спротивно ваквите вести можат да штетат на луѓето. Не кријам дека сум среќен во Арсенал и пред нас е уште многу работа“ им кажа на новинарите стратегот на Арсенал.
"That's totally fake news" 😤
Mikel Arteta says he will not be leaving Arsenal this summer ❌ pic.twitter.com/k38CCgfe65
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) January 29, 2024