Вардар поразен на првата контрола во Анталија!

1589

Нашиот најтрофеен клуб денеска во Анталија, на својот прв меч во текот на подготовките и прв воопшто во оваа 2024 година, загуби од силниот полски тим Заглебје Лубин со 0:4. Инаку ова беше и деби на клупата, иако станува збор за пријателски меч, на новиот тренер Горазд Михаилов.

Вардарци се трудеа да одиграат што подобро, да дојдат до што подобар резултат, но се виде дека ова им е само прв меч во текот на подготвителниот период. Инаку стрелци за тимот на Заглебје Лубин беа Видовјак во 29.минута, потоа Муњоз во 55. и 83.минута и Куштал во 76.минута.

Инаку Михаилов мечот го започна со следните стартни единаесет:

Гачевски, Брдаровски, Мишковски, Ѓуриќ, Глишиќ, Николовски, Дурански, Здравковски, Лемос, Мујезиновиќ, Алтипармаковски.

Во продолжение од средбата шанса добија уште неколкумина играчи.

Во следните денови од престојот во Анталија, вардарци ќе одиграат уште четири контролни средби.

ПретходноТен Хаг: Моравме да почнеме од почеток за да победиме
СледноАртета: На сите да им биде јасно, не си одам од Арсенал! (ВИДЕО)