Вардар почнува со пријателските, за старт полски Заглебје

338

Фудбалерите на Вардар од саботата се во хотелот Лимак во Белек и таму тимот на тренерот Горазд Михаилов ќе остане до 7 февруари.

Денеска „црвено-црните“ на програмата го имаат и првиот тест дуел во оваа година. Од 15:30 часот се игра натпреварот со силниот полски тим Заглебје од Лубин кој ќе биде и дебитански за многу фудбалери кои зимава го засилија Вардар но и за новиот шеф на струката кој зимава седна на клупата на „црвено-црните“ и го замени Александар Васоски кој замина во Силекс.

Вардар покрај денешниот тест кој е и најсилен на програмата ќе игра и контролни дуели со екипи како Аркадак (Туркменистан), Металург (Узбекистан), Креузлинген (швајцарски нисколигаш), и Колос (Украина).

ПретходноПад на Ивановски на АТП-листата, Ѓорческа на 243.то место на ВТА-листата
СледноНБА засилување за Емил Рајковиќ: Од Торонто во ЦСКА