Вујовиќ: Замислете да играше Југославија, знаете ли како ќе поминеа Франција и Данска?

2882

Зад нас е уште едно возбудливо Европско првенство. На тронот се искачи Франција, која во финалето беше подобра од Данска. По завршување на последниот меч, но и за време на континенталното натпреварување слушнавме различни коментари, а во центарот на вниманието се најде Веселин Вујовиќ, кој секогаш има да каже нешто интересно. И овој пат беше така.

„Замислете сега Југославија да учествуваше на ЕП. Знаете ли како ќе поминеа Франција и Данска? Каква југословенска лига ќе беше тоа, а каква земја… Ме доведете на тема која е болна за мене. Јас сум југоносталгичар и сите тие го знаат тоа. Јас што сум роден во една земја треба да го покажам мојот пасош кога одам во Хрватска, Босна, Македонија…“, рече Вујовиќ, кој инаку е од Цетиње.

„Зошто ни се случи, само Господ знае. Се случи и не се повтори, во Сараево се чувствувам како дома, исто во Цетиње, Скопје, Љубљана и ги сакам сите драги луѓе“, изјави Вујо за телевизјата „N1“. 

ПретходноНБА засилување за Емил Рајковиќ: Од Торонто во ЦСКА
СледноКлоп: Не сум од камен! Добро е што луѓето престанаа да ме слушаат!