Германецот Мајснер е ново засилување за Гостивар

1481

32-годишниот германски централен бек, Томас Мајснер е ново засилување за прволигашот Гостивар. Денеска од клубот го потврдија новото засилување за време на зимските подготовки во Анталија.

Мајснер до јануари оваа година беше дел од германска Ханза Рошток, а претходно има долгогодишно интернационално искуство во Холандија и Унгарија. Во Германија го носел дресот на Дуизбург и на вториот тим на Борусија (Д).

ПретходноГерманците од ЕУРО 2024 очекуваат приход од неверојатни 2,5 милијарди евра!
СледноНовиот болид на Ферари ќе го носи името SF-24