Нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ продолжува со блескавите настапи во дресот на Уникс, па токму затоа тој е избран во идеалниот тим или идеалната петорка на ВТБ лигата. И тоа за колото од 22 до 28 јануари. Во овој период Уникс Казан забележа две победи и тоа најмногу благодарение на македонскиот репрезентативец.
Нено во тие два меча во просек имаше по 21 поени, 4 скока, 4,5 асистенции или со просек по 27 индексни поени.
Сосема доволно да биде повторно меѓу најдобрите во ВТБ лигата.