Капитенот на Лутон, Том Локер, денеска за првпат откако преживеа срцев удар на мечот со Борнмут во средината на декември, беше во посета на своите соиграчи во клупската база. Се разбира дека ова беше емотивна средба посебно за Локер кој не ја криеше својата радост дека е одново меѓу своите клупски колеги.
Да потсетиме дека во меѓувреме тој беше подвргнат на оперативен зафат на срцето и му беше вграден дефибрилатор.
Животот за интернационалецот од Велс продолжува, тој наскоро ќе стане татко.