Во вечерашниот меч од осминафиналето од Африканскиот Куп на Нации екипата на Зеленортски острови ја совлада екипата на Мавританија со 1:0 и се пласираше во четвртфиналето.
Стрелец на единствениот гол беше Рајан Мендес во 87-та минута. Зеленортските острови во четвртфиналето ќе се сретнат со подобиот од дуелот Мароко – Јужна Африка кој ќе се игра утре во 21 часот.
Ова е голем успех за малата нација од Атлантскиот океан која во групната фаза успеа да ги победи екипите на Мозамбик и Гана.