Интер прв во Европа: На „нероаѕурите“ е најтешко да им дадеш гол!

930

Интер оваа сезона прима најмалку голови од сите екипи од врвните ТОП 5 европски првенства. Статистичките податоци покажаа дека избраниците на Симоне Инзаги примаат 0,48 голови по натпревар.

Овој индикатор е најдобар од сите екипи учесницчки во петте најсилни првенства. На второто место е Ница од француската Лига 1. „Орлите“ примаат 0,58 гола по натпревар.

Топ 3 за овој индикатор вклучува уште еден италијански тим – Јувентус (0,59). На четвртото место е Реал Мадрид кој има пристоен коефициент – 0,67.

Во првите шест екипи се најдоа Баер Леверкузен и Лил.

ПретходноЛиверпул го враќа „архитектот“ на моќниот тим на Клоп
СледноАврамовски со гол му донесе победа на Болуспор (ВИДЕО)