Маркус Рашфорд нема така лесно да помине по се она што му направи на неговиот клуб Манчестер Јунајтед, кога место да биде на тренинг тој се забавувал во ноќен клуб пријавувајќи дека е болен.
Се разбира дека тренерот Ерик Тен Хаг нема намера тоа да му го прости а од постапката на нивниот фудбалер, инаку репрезентативец на Англија. Разочарани биле сите во клубот а посебно првите луѓе.
Па така Манчестер Јунајтед ќе го казни својот фудбалер со неверојатни 650.000 фунти што е некаде негови две еднонеделни плати.
Најново е тоа што новиот косопственик на Јунајтед, Сер Џим Ретклиф бил подготвен дури и да ја продаде својата ѕвезда, да го направи тоа што вчера фановите на клубот и го побараа.
А тоа е Рашфорд да не биде веќе дел од Манчестер Јунајтед.