Карабатиќ: Не играв за децата, семејството или публиката – овој турнир го играв за себе!

350

Никола Карабатиќ со Франција го освои златниот медал на Европското првенство кое и официјално заврши вчера. За францускиот ракометар ова беше последно континентално натпреварување во дресот на својата земја, бидејќи неговите планови се да се пензионира, секако ќе биде дел од ОИ кои ќе се одржат во Париз.

По финалето тој отворено зборуваше за турнирот, призна дека овој пат играл само за себе.

„Овој турнир го одиграв за себе, бидејќи знам дека ова ми е последна сезона. Тоа ми донесе многу енергија. Знаев дека веќе нема да заиграм на Европскот првенство и тоа многу ми помогна да се мотивирам за овој турнир. Имав поинаква енергија и многу сум среќен и горд што успеавме да освоиме златен медал. Никогаш не мислев дека ќе освојам 11 златни медали во кариерата, но напорно работев за тоа, тренирав и горд сум и среќен што стигнав до нов успех. Се надевам дека ќе бидам здрав и дека ќе бидам активен и за Олимписките игри во Париз“, изјави Карабатиќ за „Балкан хендбол“.

ПретходноИницијаторите си закажаа ново Собрание, два дена пред она на Даниел Димевски!
СледноИ официјално Иван Ракитиќ има нов клуб!