Изненадувачки, Ливерпул одлучил да го врати Мајкл Едвардс на позицијата спортски директор на клубот. Едвардс е еден од главните „виновници“ и еден од архитектите на силниот тим предводен од Јирген Клоп.
Тој е причината поради која на „Енфилд“ заиграа Мохамед Салах, Вирџил ван Дијк, Ендрју Робертсон, Садио Мане, Вајналдум, Матип…
Исто така, тој го донесе и Доминик Соланке за 3 милиони фунти, а потоа истиот беше продаден за 20 милиони фунти.
Како што е познато, Јирген Клоп и неговиот штаб ќе го напуштат клубот по завршувањето на актуелната кампања, а од функцијата ќе се повлече и актуелниот спортски директор Јерг Шматке.