Шпанска „Марка“ денеска пишува дека Барселона е заинтересирана за тренерот на Брајтон, Италијанецот Роберто Де Зерби.
Раководството внимателно ја следи работата на Де Зерби кој би бил идеален кандидат за замена на Чави, кој најави заминување од клупата по завршувањето на сезоната. Италијанецот важи за тренер кој знае да ги комбинира младоста, искуството и желбата за победа.
Брајтон, пак, во обид да се заштити, би сакал да го продолжи договорот со Италијанецот до летото 2026 година со што ќе ја подигне отштетната клаузула на 20 милиони евра.