Милан започна преговори со Арсенал за дефанзивецот Јакуб Кивиор. Идејата на италијанскиот клуб е трансферот да се случи во последен момент од зимскиот преоден рок. 23-годишниот Полјак не можеше да се наметне кај „топџиите“ одигрувајќи досега само 302 минути.
Откако пристигна од италијанската Специја во 2023 година, Кивиор е на клупата, бидејќи Вилијам Салиба и Габриел се прв избор за централниот дел од одбраната.
Кивиор е клучен играч за полската репрезентација со 19 настапи од неговото деби во мај 2022 година. Според италијанскиот печат, Милан е во разговори со Арсенал за дефанзивецот и сака да го врати во Серија А.