Милевски во Анталија ги “скенира“ кандидатите за репрезентацијата!

1392

Од вчера па се до сабота, во текот на една работна седмица нашиот селектор Благоја Милевски во Анталија на лице место ќе ја проследи формата на репрезентативците, како и на кандидатите за репрезентацијата. Нешто што е вообичаено кога станува збор за Милевски кој секоја година во овој период минува неколку дена во Анталија.

Милевски од Анталија за “СпортСпорт“ со коментар за целта на овој негов престој во познатиот спортско – туристички центар во Турција:

Да, од вчера сум во Анталија, а вчера веднаш по пристигнувањето го проследив настапот на Шкендија. Денеска ќе го гледам Вардар, а во следните неколку дена, се до сабота, ќе се обидам да ги гледам сите наши екипи барем по еднаш. Тука се и Бојан Димоски со Акрон, потоа Милан Ристовски со Бохемијанс, и нив имам намера да ги проследам во живо“ ни изјави Милевски.

ПретходноСинер: Ѓоковиќ е посебна лига!
Следно“Лавовите“ со нов пораз на пријателските во Хрватска!