Најслабиот тим го победи лидерот на Западот, Атланта во последната секунда со забивање го урна Торонто (ВИДЕО)

513

Најслабата екипа во НБА-лига успеа да дојде до изненадувачка победа. Детроит Пистонс го совладаа водечкиот тим на Западната конференција Оклахома Сити со 120:104. Најлошиот тим во НБА на тој начин ја постигна шестата победа (6-40), а на противникот му го нанесе 14-от пораз (32-14).

Најдобар играч на натпреварот беше центарот на Пистонс Џејлен Дурен со 22 поени, 21 скок и шест асистенции. Џејден Ајви постигна 19 поени, заедно со осум скока и шест асистенции. Шаи Гилгеус-Александер беше најдобар стрелец кај гостинскиот тим со 31 поен, а Џејлен Вилијамс постигна 20 поени.

Садик Беј е херој на Атланта, ја собра топката под обрачот по промашувањето на Треј и заби за победа на Атланта над Торонто од 126-125. Беј заврши со 26 поени и 13 скока. Јанг постигна 30, со 12 асистенции, Хокс шутираа лошо за три поени, но на крајот сепак славеа. Богдановиќ беше единствениот со шутерски расположен, четири тројки, 50% шут, заврши со 24 поени, четири скока.

На останатите средби, Индијана го совлада Мемфис со 116-110, Орландо беше подобар од Феникс со 113-98, додека Портланд на домашен терен беше поразен од Чикаго со 96-104.

ПретходноЛино и Депај ја урнаа Валенсија, Атлетико Мадрид ја стигна Барса (ВИДЕО)
СледноАТП листа по Австралијан Опен: Еве колку време Новак Ѓоковиќ е сигурен како број 1!