Нејмар многу се здебели, веќе не личи на фудбалер

922

Нејмар се уште е во процес на опоравување од тешката повреда и операција на коленото. Откако за две сезони се пресели од ПСЖ во Саудиска Ал Хилал, наводно за 400 милиони евра, заработи повреда која го спречи да игра оваа сезона. Времето го поминува на различни начини, а како што истакнуваат корисниците на социјалните мрежи, очигледно е дека фудбалот не е она за што мисли.

Бразилскиот ас е снимен на роденденската прослава на поранешната фудбалска ѕвезда Ромарио. Она што веднаш ги привлече погледите на корисниците на X (поранешен Twitter) е неговиот изглед. Иако најверојатно ќе се врати на теренот во посакуваната форма, Нејмар денес не личи на професионален фудбалер, што многумина го коментираат на социјалните мрежи.

„Одбивам да верувам дека е тој“, „Ова мора да е фотомонтажа“, „Што им даваат во Саудиска Арабија?“, „Цела плата му ја изеде“, „Каква штета“, се само дел од коментарите на видеото што можете да го видите.

ПретходноТФТ прв на сцена во Нови Сад!
СледноКазна од 650.000 фунти: Јунајтед жестоко ќе удри по Рашфорд!