Новиот болид на Ферари ќе го носи името SF-24

274

Ферари одлучи името на болидот за 2024 година да биде SF-24. Информацијата денеска ја потврди италијанскиот тим. SF е преземено од Скудерија Ферари, а 24 е пандан на годината 2024.

Индекс од овој формат Ферари го користи од 2015 година за да избере име на автомобил. Единствен исклучок беше сезоната 2022 година, кога во чест на 75-годишнината на компанијата автомобилот го доби името F1-75.

Презентацијата на новиот болид на Ферари е закажана за 13 февруари.

ПретходноГерманецот Мајснер е ново засилување за Гостивар
Следно„Марка“: Лапорта го сака Де Зерби на клупата на Барса следната сезона